Приказната на

Стоби винарија

Винарија Стоби е горд сведок на еволуцијата на винската традиција на овие простори – од кантароси за вино во кое уживале жителите на Стоби, преку машините во кои истото се пренесувало до големите антички метрополи, се до модерните инокс садови и софистицираните дабови буриња во кои денес виното се произведува и зрее.

Сместена во ултрамодерно здание, урбано и реминисцентно на архитектонските чуда на Le Corbusier, Винарија Стоби ширум ги отвора вратите за сите посетители кои сакаат да научат нешто повеќе за историјата на овој вински регион, процесот на производство на вино, начинот на негово консумирање и комбинирање со различни видови на храна.

Станете дел од светот на модерниот вински туризам! Не прифаќајте ништо помалку од совршенство!

Површина
500 хектари лозови насади
САДНИЦИ
17 сорти на грозје
РАСПРОСТРАНЕТОСТ
21 земја каде се продава виното

Винарија стоби

Локација

mapa-stobi

На само 80 километри од Скопје, сместена помеѓу вечното сонце и непрегледните насади со винова лоза, се крие најдобро чуваната тајна на винскиот занает во Тиквешијата – Винарија Стоби. Местото коешто го поврзува Медитеранот со континенталните предели на Балканот, укотвено крај митските реки Аксиос и Еригон, покрај кое некогаш чекореле римски легии, рицари крстоносци, отомански освојувачи и армии од светските војни, денеска е центар во кој се среќаваат Стариот и Новиот свет на виното.

Регион

Винаријата Стоби се наоѓа во централниот дел на Македонија, во најпознатото виногорје-Тиквешкото. Во Тиквешкото виногорје се засадени околу 12.000 хектари под винова лоза што претставува приближно една третина од вкупната површина под лозови насади во Македонија.

Лозови насади

Суштината на виното и она од што сè почнува, е грозјето. Затоа обрнуваме исклучително внимание на нашите лозови насади. Секоја година инвестираме во подигање на нови лозови насади и за последните две години засадивме 60 хектари со лозов калем кој доаѓа од една од највисоко признаените институции во светот, Vivai Cooperativi Rauscedo – од Фриули, Италија. Кога станува збор за виното, ние имаме само највисоки критериуми.

Клима

Поради вкрстувањето на две клими, медитеранска од југ и континентална од север, оваа област е еднa од најпогодните за одгледување на винова лоза и производство на вино на целиот балкански полуостров. Вкупната годишна температурна сума во текот на вегетацијата е 5300°C – 5500°C, врнежите се 500-600 литри на метар квадратен и максималната дневна температура во текот на јули и август изнесува околу 40°C. Сепак, со примена на најсовремени ампелотехнички мерки и добрата текстура на почвата, виновата лоза е постојано снабдена со вода, а северните ветрови обезбедуваат природна заштита од криптограмски болести.

Технологија

Но знаењето не би било ништо без соодветната технологија. Најновата и најмодерна, целосно автоматизирана технологија е онаа која ни овозможува да се задржи и да се зачува квалитетот не само на нашето грозје, туку и на вината. Целата инсталираната технологија потекнува од Италија и Германија, вклучувајќи компании како GIMAR TECNO, SIPREM, GORTANI, DALLA TORRE IMPIANTI, PALL системи на филтрација итн. Линијата за полнење вино потекнува од KRONES АG и има има капацитет од 5.000 шишиња на час и може да работи со пет формати на шишиња (1л стелвин, 1л плута, 0.750л, 0,5 л, 0.187л шише).

Нашето грозје

Ова уникатно виногорје има и свои локални, традиционални сорти кои се добро познати. Па така, најпозната сорта грозје е сортата Вранец, кој учествува со речиси 50% од вкупните лозови насади засадени со црвено грозје. Сепак, овој регион се покажа и како одлична почва за меѓународните сорти грозје, од кои ги среќаваме Каберне Совињон, Мерло, Пино Ноар, Шираз, Шардоне, Совињон Бланк, Мускат, Ризлинг, Траминец и многу други. Капацитетот на винарската визба е 4.500.000 литри од кои 1.200.000 литри се предвидени за ферментација. Првиот чекор за добивање на врвен квалитет на виното е квалитетот на грозјето. За да осигураме врвен квалитет, производството се базира исклучиво на грозје одгледувано на сопствените лозови насади, кои се простираат на површина од околу 600 хектари и вклучуваат бели сорти како Жилавка, Жупљанка, Ркацители, Рајнски Ризлинг, Италијански Ризлинг, Шардоне, Мускат Отонел и црвени сорти како Пино Ноар, Вранец, Мерло, Каберне Совињон, Каберне Франк, Шираз, Петит Вердо итн.

Винарија Стоби

Дегустација и тури

Дозволете нашите стручни водичи да ве запознаат со основите на винската технологија, како и со традицијата на одгледување и консумирање на вино во овој регион. Научете нешто повеќе за винската култура и уживајте во кулинарските ремек-дела на нашите готвачи, подготвени да ве изненадат со традиционални македонски деликатеси или специјалитети од меѓународната кујна, и излезете од Стоби побогати за едно сосема ново искуство.

Винарија стоби

Корпоративни и приватни настани

Искористете ги идеалните услови кои ги нуди Винарија Стоби за организирање на Вашиот следен бизнис настан!

Како што виното полека станува неизоставен дел од корпоративното опкружување, така тоа може да претставува и мост за градење доверба и заедничко достигнување на зацртаните цели во релаксирана и забавна атмосфера.

Корпоративната тура може да биде организирана во склоп на одреден бизнис настан или независно од него. Без разлика дали станува збор за неформален состанок, тим билдинг, интерен семинар или средба на бордот на директори, следните капацитети на винаријата нудат оптимален микс помеѓу продуктивност и уживање.

ВИП салон – капацитет 75 лица
Енотека – капацитет 60 лица
Ресторан – капацитет 120 лица
Барик подрум – капацитет 200 лица
Ресторан на отворено – капацитет 400 лица

Можно е и користење на канцеларии, помали сали за состаноци, дворно место, интернет покриеност, паркинг.

Винарија Стоби

Свечени прослави на нашиот имот

Со капацитет до 500 гости за седење и 1200 гости за стоење, шаторот на Винарија Стоби може да биде совршеното место за организација на Вашиот следен настан.

Адреса

Автопат бр. 2, 1420 Градско, Македонија

Дали сте полнолетни?

На лицата помлади од 18 години законот им забранува консумирање на алкохол.