Стоби винарија

Најдоброто грозје го заслужува само најдоброто

Само од комбинацијата на знаење, искуство пренесувано со генерации, модерна технологија и многу љубов и страст, може да се создаде најдоброто и највкусното вино, вино кое ја буди страста за животот.

Млади по години, искусни по знаење. Винаријата Стоби е најновата и најмодерно конципирана македонска винарија, лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, од каде што го добива и своето име. Мудроста и искуството на првите жители пренесувана од памтивек доденес е овоплотена во совршена хармонија со современата технологија и знаење.

Нашето најново вино

МАКЕДОН

Инспирирани од милениумската традиција и историја на винарството на територијата на Македонија, а посебно за да се оддаде чест на развиената винска култура во античкиот град Стоби каде што се создадени вината Macedon.

„Најмногу сакам да го пијам виното што им припаѓа на другите.“ – Диоген

7

Видови на црвено вино

162

Произведени вина дневно

113

Награди

СОРТИ

Црвено вино

  • Pinot Noir
  • Vranec
  • Merlot
  • Syrah/Shiraz
  • Petit Verdo

ВИДОВИ

Розе вино

  • Macedon Rose
  • Rose Classic
2

Видови на розе вина

162

Произведени вина дневно

6

Награди

7

Видови на бело вино

162

Произведени вина дневно

45

Награди

СОРТИ

Бело вино

  • Rkatsiteli
  • Rhine Riesling
  • Chardonnay
  • Muscat Ottonel

Вински туризам

Винарија Стоби

Нема подобар начин да се запознаете со виното и историјата на овој регион од учество во винските тури на Стоби. Овој концепт на запознавање со еногастрономската понуда од нашето поднебје е еден од најновите туристички производи, кои порано беа достапни од Долината Напа во Калифорнија, до Мендоза во Аргентина, се до Бордо во Франција, а сега можете и лично да уживате во нив во центарот на Стоби.

Вински туризам

Вински тури

Дозволете нашите стручни водичи да ве запознаат со основите на винската технологија, како и со традицијата на одгледување и консумирање на вино во овој регион. Стоби нуди приватни дегустации на вино достапни само со претходно закажување.

Винарија Стоби

Свадби и приватни настани

Од официјални приеми и семејни прослави, до концерт под отворено небо и релаксиран пикник, дозволете си неколку часа уживање со пријателите и блиските.

Нашиот имот

Дали сте полнолетни?

На лицата помлади од 18 години законот им забранува консумирање на алкохол.