Најдоброто грозје го заслужува само најдоброто

Виното е екстракт и суштина на грозјето, додека грозјето е суштина која потекнува од почвата каде што никнува. Старите рекле „Кажи ми од каде си, ќе ти кажам каков си“. Грозјето во себе ја носи испишана почвата од која е никнато и поднебјето под кое е растено. Тоа е душата на виното.

Лозовите насади, каде што нашето грозје расте и винарската визба, каде нашето вино созрева, се опколени од остатоците на Стоби, најголемиот град од античкиот период во овој дел од Македонија.

Парцелите со нашите лозови насади биле дом на античките храмови, така што често корените кои ги шират своите ластари за да најдат вода, стигаат до слоевите под кои античките згради се задремани во нивното вечно почивалиште. Ластарите на лозите, вгнездени во шеталиштата на подземните улици и плоштади, мозаиците на заборавените места и античките храмови, го впиваат раскошот од минатата ера и го влеваат во незаборавна арома на грозјето. Бојата и вкусот на нашите вина не се само огледало на исклучителната македонска почва и нејзиното сончево небо, туку и целата човекова, историска и духовна сила на народот кој инвестирал во своите лозја и вина со милениуми.

Преку виното ги спојуваме минатото и иднината, традицијата на старите мајстори во хармонија со современото знаење и технологија, за да украдеме мал дел од бесмртноста и да го спакуваме во шише полно вино, шише полно страст за животот.

Со секое извонредно шише вино во нашето портфолио, ве покануваме да станете дел од историјата и наследството на Стоби.

Видови

Црвено вино

  • Pinot Noir
  • Vranec
  • Merlot
  • Syrah/Shiraz
  • Petit Verdo
113

Награди

162

Произведени вина дневно

7

Видови на црвено вино

Видови

Бело вино

  • Rkatsiteli
  • Rhine Riesling
  • Chardonnay
  • Muscat Ottonel
45

Награди

162

Произведени вина дневно

7

Видови на бело вино

Видови

Розе вино

  • Macedon Rose
  • Rose Classic
6

Награди

162

Произведени вина дневно

2

Видови на розе вино

Нашата визба

Винаријата има резервоари и термо - климатизирани простории каде се чува виното. Разновидните техники и материјали за зреење се мудро комбинирани за да им дадат сложеност и елеганција на вината на Стоби. Изборот помеѓу различните процеси на зреење (челик и дрво), нивното времетраење и комбинацијата зависи од видот на грозјето што се користи и виното што сакаме да го произведеме. Нашата визба која е една од најимпозантните градби во регионот, има барикни буриња кои се идеални за развој на структурирани вина. Стоби претпочита буриња од француски даб, чија порозност гарантира бавно, редовно снабдување на виното со кислород....

Дали сте полнолетни?

На лицата помлади од 18 години законот им забранува консумирање на алкохол.