Мисија

Нашата мисија е да создадеме вина за секој љубител на вино, за секоја маса, и секоја прилика.

Посветени сме на создавањето вина со врвен и беспрекорен квалитет. Вина доволно уникатни да го задоволат и најпребирливиот вкус, а толку едноставни за секој да ги посака. Затоа, ги овозможивме најдобрите услови за остварувањето на таа цел.

Нашата тајна

Замислете место на земјата чиј магичен раскош е плод на прегратките на најубавите и најбогати реки и врелите бакнежи на најголемиот број на сончеви денови. Таму се раѓа страста на Стоби Вината. Токму оние неколку сончеви недели плус кои ги добива нашето грозје се малото парче перфекција потребнo за создавање на уникатно ремек дело како што се Вината на Стоби. Тие ја долеваат таа нијанса, првата магична состојка потребна за неговата божествена сласт да отскокне од сите останати и неизбежно да ве заведе. Другата магична состојка се водите на Вардар и Црна кои ги носат благодетите директно од највисоките и најчисти планински предели на нашата земја. Токму тука, кај Стоби, тие се судираат во страсен спој и сето богатство го подаруваат на местото каде се сретнале.

Регион

Единствената специфичност на тероарот со сите свои природни карактеристики и предности претставуваат значајни предуслови за одгледување на висококвалитетни вина. Затоа го избравме
Тиквешкиот регион и античкиот град Стоби, за место каде ќе ја одгледуваме и созреваме страста за да ви ја понудиме во најчист вид. Тука ја поставивме нашата винарија и тука и само тука ги
одгледуваме сите наши лозови насади.

Резултат

Резултат на сета оваа грижа, знаење и експертиза се 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино годишно, распределено меѓу 5 категории – Премиум, Македон, Селекшн, Класик и Tрадиционални.

За вината на Стоби се користат шишиња и плути со врвен и проверен квалитет, со што се гарантира целосно зачувување на богатите и раскошни вкусови и мириси на секое вино.

Она што излегува од нашата винарија се висококвалитетни вина со потполно избалансиран сооднос квалитет и цена. Затоа што нашата филозофија е дека секој треба да ја има можноста да ужива во премиум вино. Во најблиската продавница или во вашиот омилен ресторан, еднствените и уникатни Стоби вина, ви се секогаш на дофат на рака.

Дали сте полнолетни?

На лицата помлади од 18 години законот им забранува консумирање на алкохол.