Loading Events
  • This event has passed.

2 December, 2019|2:00 pm - 3:00 pm

Ве покануваме на работилница на винаријата Стоби, прва вертикала во историјата на винаријата, каде ќе имате можност да се запознаете со огромниот потенцијал на оваа винска сорта и да дегустирате вина од различни берби на Vranec Veritas.

Станува збор за вина направени 100% од сортата вранец и зреени во барици од 18 до 24 месеци. Грозјето е рачно набрано од одбрани парцели од сопствените лозови насади на винаријата, поточно од двата микролокалитети Аеродром и Рамниште, кои се наоѓаат во непосредна близина на винаријата во Градско.

Vranec Veritas вината кои се избрани да бидат дел од оваа вертикала, во континуитет го потврдуваа својот висок квалитет, закитувајќи се со награди на најпрестижните меѓународни натпревари како Decanter i Mundus Vini.

Работилницата ќе ја води Андон Крстевски, главниот енолог на винаријата Стоби.

Листа на вина:
Stobi Vranec Veritas 2015
Stobi Vranec Veritas 2013
Stobi Vranec Veritas 2012
Stobi Vranec Veritas 2011
Stobi Vranec Veritas 2009

Details

Date:
2 December, 2019
Time:
2:00 pm - 3:00 pm
Website:
https://www.facebook.com/events/457391537989111/

Venue

Skopje Marriott Hotel
Plostad Makedonija 7
1000 Skopje, Macedonia

Organizer

Stobi winery

Дали сте полнолетни?

На лицата помлади од 18 години законот им забранува консумирање на алкохол.