Нашата приказна

Виното е екстракт и суштина на грозјето, додека грозјето е суштина која потекнува од почвата каде што никнува. Старите рекле „Кажи ми од каде си, ќе ти кажам каков си“. Грозјето во себе ја носи испишана почвата од која е никнато и поднебјето под кое е растено. Тоа е душата на виното.

Ги обединува елементите на природата со силата, мудроста и духот на народот кој живеел пред нас. Лозовите насади, каде што нашето грозје расте и винарската визба, каде нашето вино созрева, се опколени од остатоците на Стоби, најголемиот град од античкиот период во овој дел од Македонија.

Парцелите со нашите лозови насади биле дом на античките храмови, така што често корените кои ги шират своите ластари за да најдат вода, стигаат до слоевите под кои античките згради се задремани во нивното вечно почивалиште. Ластарите на лозите, вгнездени во шеталиштата на подземните улици и плоштади, мозаиците на заборавените места и античките храмови, го впиваат раскошот од минатата ера и го влеваат во незаборавна арома на грозјето. Бојата и вкусот на нашите вина не се само огледало на исклучителната македонска почва и нејзиното сончево небо, туку и целата човекова, историска и духовна сила на народот кој инвестирал во своите лозја и вина со милениуми.

Ние го чуваме заветот на нашите претци. Преку виното ги спојуваме минатото и иднината, традицијата на старите мајстори во хармонија со современото знаење и технологија, за да украдеме мал дел од бесмртноста и да го спакуваме во шише полно вино, шише полно страст за животот.