За нас

Најдоброто грозје го заслужува само најдоброто. Само од комбинацијата на знаење, искуство пренесувано со генерации, модерна технологија и многу љубов и страст, може да се создаде најдоброто и највкусното вино, вино кое ја буди страста за животот.

Млади по години, искусни по знаење. Винаријата Стоби е најновата и најмодерно конципирана македонска винарија, лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, од каде што го добива и своето име. Мудроста и искуството на првите жители пренесувана од памтивек до денес е овоплотена во совршена хармонија со современата технологија и знаење.

Нашата цел е единствена и нималку скромна– посветени сме на создавањето вина со врвен и беспрекорен квалитет. Вина доволно уникатни да го задоволат и напребирливиот вкус, а толку едноставни за секој да ги посака. Затоа, ги овозможиме најдобрите услови за остварувањето на таа цел.

Затоа што процесот на производство на вино е сложен и чувствителен процес кој не трпи ни најмала грешка, работиме според најсовремени стандарди пропишани од Европската унија. Почнувајќи од одгледувањето и одржувањето на лозјата, преку дистрибуцијата на грозјето до винаријата, па сè до крајниот процес на производство и полнење, се применуваат најновите технолошки достигнувања во целокупниот процес и чекори на производство.

Замислете место на земјата чиј магичен раскош е плод на прегратките на најубавите и најбогати реки и врелите бакнежи на најголемиот број на сончеви денови. Таму се раѓа страста на Стоби Вината. Токму оние неколку сончеви недели плус кои ги добива нашето грозје се малото парче перфекција потребнo за создавање на уникатно ремек дело како што се Вината на Стоби. Тие ја долеваат таа нијанса, првата магична состојка потребна за неговата божествена сласт да отскокне од сите останати и неизбежно да ве заведе. Другата магична состојка се водите на Вардар и Црна кои ги носат благодетите директно од највисоките и најчисти планински предели на нашата земја. Токму тука, кај Стоби, тие се судираат во страсен спој и сето богатство го подаруваат на местото каде се сретнале.

Единствената специфичност на тероарот со сите свои природни карактеристики и предности претставуваат значајни предуслови за одгледување на висококвалитетни вина. Затоа го избравме регионот на Градско и античкиот град Стоби, за место каде ќе ја одгледуваме и созреваме страста за да ви ја понудиме во најчист вид. Тука ја поставивме нашата винарија и тука и само тука ги одгледуваме сите наши лозови насади.

За да се одржи и сочува квалитетот на грозјето, тоа се негува со најсовремени агротехнички методи и врз него се врши строга контрола на родноста и приносот. Сами ја кроиме точно и прецизно секоја лоза за да одговара во растот и созревањето. При зреењето на лозите, се надгледува растот на сите гроздови, затоа што знаеме дека секое зрно грозје е важно за единственоста и раскошноста на вкусот на Стоби вината. Потоа, само најдоброто грозје од насадите, низ процес на совршено контролиран систем, во врвот на својата зрелост пристигнува во најмодерната винарија во земјата и пошироко. Тоа придонесува винаријата Стоби да произведува вина кои се чисти и неконтаминирани во однос на пестициди, тешки метали, резидуи и контаминенти. Употребата на SO2 е за 30 до 50 % пониска во однос на просекот. Затоа, уживањето во овие вина не предизвикува никаква главоболка, а само пријатно блаженство.

Резултат на сета оваа грижа, знаење и експертиза се 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино годишно, распределено меѓу 4 категории – премиум, елит, класик и традиционални.

А бидејќи крајот го краси делото, за вината на Стоби се користат шишиња и плути со врвен и проверен квалитет, со што се гарантира целосно зачувување на богатите и раскошни вкусови и мириси на секое вино.

Она што излегува од нашата винарија се висококвалитетни вина со потполно избалансиран сооднос квалитет и цена. Затоа што нашата филозофија е дека секој треба да ја има можноста да ужива во премиум вино. Затоа што за нас не постојат ефтини и скапи вина, постојат само премиум вина за вистинсите уживатели. Во најблиската продавница или во вашиот омилен ресторан, еднствените и уникатни Стоби вина, ви се секогаш на дофат на рака.

Препуштете ù се на страста за животот.