Вински тури

Нема подобар начин да се запознаете со виното и историјата на овој регион од учество во винските тури на Стоби. Овој концепт на запознавање со еногастрономската понуда од нашето поднебје е еден од најновите туристички производи, кои порано беа достапни од Долината Напа во Калифорнија, до Мендоза во Аргентина, се до Бордо во Франција, а сега можете и лично да уживате во нив во центарот на Стоби.

Дозволете нашите стручни водичи да ве запознаат со основите на винската технологија, како и со традицијата на одгледување и конзумирање на вино во овој регион. Научете нешто повеќе за винската култура и уживајте во кулинарските ремек-дела на нашите готвачи, подготвени да ве изненадат со традиционални македонски деликатеси или специјалитети од меѓународната кујна, и излезете од Стоби побогати за едно сосема ново искуство.

Понудата на вински тури вклучува:

Стоби винска тура
Разглед на винаријата со стручен водич, дегустација на 4 од нашите најдобри вина и ладна закуска со галичко сирење и кашкавал и сувомеснати специјалитети.

Времетраење: 90 мин

Стоби еногастрономска тура
Разглед на винаријата со стручен водич, дегустација на вино, закуска со галичко сирење и кашкавал, домашна пита и макала, салата, главно јадење и десерт.

Времетраење: 120 мин