Специјални настани

Винарија Стоби претставува совршена позадина за организирање на секаков вид на настани. Гостопримливата атмосфера, богатата кујна и виното ќе ја направат секоја пригода незаборавна.

Од официјални приеми и семејни прослави, до концерт под отворено небо и релаксиран пикник, дозволете си неколку часа уживање со пријателите и блиските.

Тимот на Винарија Стоби Ви стои на располагање за помош при организација на овие настани, со бројни сугестии за типот на менито и соодветните вина кои можат да се вклопат во Вашиот буџет и време.