Смедеревка

ТРПЕЗНО БЕЛО СУВО ВИНО СО КОНТРОЛИРАНО ПОТЕКЛО

Уникатен тон, вистинска симфонија на вкусови и ароми, од лесни серенади преку гладок џез, до жежок плех-оркестар и комплексна класика. Вино добиено од истоимената сорта грозје, одгледано на специфични терени и експозиции во тиквешкото виногорје. Зеленкаста нијанса со кристален одсјај, свежо, овошно, силно.

Го препорачуваме чисто разладено на 8-10°С. Во жежките летни денови може да се користи за освежителен шприцер со лесни предјадења како бело месо, сирење, риба, зелени сезонски салати.