Шардоне

Препознатлива жолтеникаво-зеленкаста боја, со комплексна и заводлива арома на егзотично овошје, јаболко и праска, проткаена со тонови од багремов цвет. Долготраен и постојан вкус, глицеролски благ, мек, со овошни и зачинети нијанси.

Најдобро е да се служи на 10-12°C како аперитив со бели меса, риба, морска храна, зелени салати, сирења.