Роксана

Меланж од грозје од сортите Каберне Совињон и Вранец. Произведено на топлите и максимално осончани ридови на локалитетот маренски уши. Темно рубин боја со силно привлечен мирис на ситно црвено овошје, грозје, темна слива. Заостанатиот природен шеќер го прави топло, меко, конзистентно, хармонично.

Се служи со десерт на 10-12°С, но и како аперитив.Чаша Роксана - чаша здравје.