Ресторан

Луксузен и полн со стил, ресторанот на Винарија Стоби е предодреден да стане центар на гастрономската култура во овој вински регион. Нашите кувари го комбинираат своето знаење стекнато во врни угостителски објекти вон Македонија со традиционалните јадења присутни на ова поднебје, кои заедно со вината на Стоби создаваат симфонија на вкусови и мириси единствено достапни на ова место.

Специјалитетите на овој ресторан вклучуваат понуда на Галичко сирење и кашкавал, правени по традиционална рецептура пренесувана од поколение на поколение помеѓу одгледувачите на овци, а денеска сочувана од страна на Мандра Галичник. Во таа смисла, печеното јагнешко достапно во овој ресторан е без споредба еден од најголемите деликатеси што некогаш ќе имате можност да ги вкусите. Домашните пити и традиционалните макала ќе ве пренесат во светот на кулинарската магија и најубавите мириси од детството.

Од Шопска до Цезар салата, од морски плодови до бифтек со вргањ, од традиционалното македонско слатко до најфиното чоколадно суфле во Македонија, дојдете да уживате во најдобрите комбинации на храна и вино!

Ресторанот е отворен секој ден од 10-18h, или во други термини со претходна најава.

 


 

Формулар за доставување на коментари и сугестии за проектот „Играме и учиме за Тиквешијата во Ресторан Стоби" 

План за проверка на план за управување со животна средина и социјални аспекти 

PROJEKTI I KONKURRENCËS LOKALE DHE RAJONALE

Formular per paraqitje/dorëzim të komenteve dhe sugjerimeve për projektin