Македонско бело

КВАЛИТЕТНО СУВО БЕЛО ВИНО СО КОНТРОЛИРАНО ПОТЕКЛО

Живите, лесни и полни тонови во илјадници комбинации од впечатливи сочни ароми создаваат хармонија која одѕвонува долго потоа. Ова вино го создадовме секојдневно да се дружиме со него во сите пригоди. Мешавина од Смедеревка и Ркацители. Свежо, лесно, лежерно, суптилно, освежувачко, меко, аперитивно, вино за главен оброк особено со лесно бело месо, риба, зрнести варива, сирење.

Се конзумира на температура од 8-10°C.