Корпоративни тури

Искористете ги идеалните услови кои ги нуди Винарија Стоби за организирање на Вашиот следен бизнис настан! Како што виното полека станува неизоставен дел од корпоративното опкружување, така тоа може да претставува и мост за градење доверба и заедничко достигнување на зацртаните цели во релаксирана и забавна атмосфера.

Корпоративната тура може да биде организирана во склоп на одреден бизнис настан или независно од него. Без разлика дали станува збор за неформален состанок, тим билдинг, интерен семинар или средба на бордот на директори, следните капацитети на винаријата нудат оптимален микс помеѓу продуктивност и уживање.

ВИП салон – капацитет 75 лица
Енотека – капацитет 60 лица
Ресторан – капацитет 120 лица
Барик подрум – капацитет 200 лица
Ресторан на отворено – капацитет 400 лица

Можно е и користење на канцеларии, помали сали за состаноци, дворно место, интернет покриеност, паркинг